Отворен „Парк за миленичиња“ во Центар

Општина Центар отвори „Парк за миленици“ кој се наоѓа спроти објектот на НИП „Нова Македонија“ во Паркот на новинарите.

Сопствениците со нивните миленичиња отсега ќе можат слободно да се шетаат во паркот чија површина е двојно зголемена од првобитниот план и сега изнесува 900 м2.

Просторот е затворен од три страни со ограда висока два метра, а четвртата страна допира до оградата на последната парцела. Во средишниот дел е изработена површина која е исполнета со ризла. Во паркот е поставена урбана опрема. Поставени се и дополнителни канделабри.

На влезот на паркот се наоѓа информативна табла со правила за користење на паркот.ј