Журнал: Обезбедувањето на Заев извади пиштоли на граѓаните

Обезбедувањето на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, извадило огнено оружје при немирите во Собранието кои следуваа во четвртокот по изборот на Талат Џафери за собраниски спикер, објави порталот Журнал повикувајќи се на информации од очевидци во Собранието.

„Според информациите од терен, откако демонстрантите ја виделе ваквата ситуација, тргнале во пожестока пресметка и предизвикаа уште поголеми инциденти. По влегувањето на граѓаните во македонското собрание, доцна попладнево, дојде до физичка пресметка меѓу демонстрантите и пратеници на СДСМ“, објави Журнал.

Претходно новинарските екипи од теренот објавија дека откако масата народ влезе во Собранието протестирајќи против изборот на Талат Џафери од ДУИ за собраниски спикер вон Деловникот за работа на законодавниот дом, имало повредени лица кои се згрижени во Градската општа болница.