Каракамишева: Талат Џафери е нелигитимен претседател на Собранието

Kако не им беше срам дa молчат пред интонирањето на албанската химна, a во истата прсторија во македонското Собрание да не стануваат на македонската химна, рече професорта Татјана Каракамишева Јовановска во централниот весник на телевизијата Сител.

„Како овие пратеници ќе се вратат дома пред своите деца“, ги запраша пратениците на СДСМ и нивнвата коалиција професорката Каракамишева Јовановска.

Оцени дека ваквото однесување на СДСМ и нивните коалициски партнери е класична провокација и е целосно неприфатливо.

„Талат Џафери е нелигитимен претседател на македонското Собрание, ниеден негов потпис не е валиден, ова што се случи денес е незаконско“, истакна таа.