МВР: Издадена наредба за создавање услови за безбедна евакуација на пратениците и воспоставување на нарушениот јавен ред и мир

Министерството за внатрешни работи излезе со соопштение во врска со случувањата во Собранието на Република Македонија, соопшти во четвртокот ноќта министерството по немирите откако беше вон пратеничкиот Деловник СДСМ и неговите коалициски парнтери го прогласија Талат Џафери од ДУИ за парламентарен спикер.

Во соопштението на МВР се наведува дека околу 18,50 часот граѓаните кои протестираа во организација на граѓанската инцијатива „За заедничка Македонија“, насилно влегоа во просториите на Собранието на Република Македонија. Во нарушувањето на јавниот ред и мир со повреди се здобиле неколку пратеници во Собранието и неколку цивили. При обидот да бидат спречени во намерата десетитина полициски службеници се здобиле со повреди, по  што биле префрлени на скопските клиники.

Во оперативниот штаб на Министерството за внатрешни работи присутни се сите раководители: министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, заменик директорот на Бирото за јавна безбедност Бесир Деари, помошници на министерот, помошници на директорот како и останатите раководители – членови на Оперативниот штаб.

Во Оперативниот штаб во 20,08 часот директорот на Бирото за јавна безбедност Чавков, издал наредба на припадниците на Специјалната единица да применат овластување и да создадат услови за безбедна евакуација на пратениците и воспоставување на нарушениот јавен ред и мир. Во 20,27 часот припадниците на Специјалната единица влегле во Собранието, и до 20,43 часот биле евакуирани 30 пратеници.

Министерството за внатрешни работи ја следи ситуацијата во Собранието, и дополнително ќе ја извести јавноста за натамошните случувања.