Абасадата на САД го осуди насилството во парламентот

По немирите во макеоднското Собрание во четвртокот вечерта, кога парламентарното мнозинство без почиување на Деловнокот го назначи Талат Џафери за собраниски спикер, по што граѓаните кои протестираат против Тиранската платформа влегоа во парламентот, реагираше и американската амбасада во Скопје која наведе дека „САД го осудуваат насилството во Парламентот во најсилна смисла на зборот“.

„Тоа воопшто не е во согласност со демократијата и не е прифатлив начин за решавање на разликите. Клучно е сите партии да ги почитуваат демократските процеси и законот, и да се воздржат од насилни активности што ја влошуваат ситуацијата. Мнозинството пратеници го избра Талат Џафери за претседател на Собранието за време на редовна, континуирана седница на Собранието посведочена од страна на јавноста и на новинарите. Ние ќе работиме со него за да ја поддржиме демократијата и за да ги унапредиме интересите на Македонија“, стои во реакцијата на американската амбасада.