Народот не се повлекува од пред Собрание

Иако полцијата се обидува со димни бомби да ги растера граѓаните насобрани пред Собранието, тие не се повлекуваат и остануваат мирно да ја следат ситуацијата.

Граѓаните кои се наоѓаат околу Собранието на Република Македонија се одзваа на повиците на МВР и не даваат отпор на полицијата и не ги попречуваат возилата на итната медицинска помош при преземање на мерки за евакуација и укажување на медицинска помош на тешко повредени пратеници, полициски службеници и граѓани.

Полицијата со фрлање на неколку димни бомби се обидува да ослободи еден од влезовите во Собранието. Поради димните бомби народот се повлекува наназад, но не си заминува.

Се претпоставува дека се прави обид да се создаде простор за брзата помош да може безбедно да ги превземе повредените од Собранието.