Мистеријата Медлин Меккејн: Родителите нe губат надеж

Родителите на Медлин Меккејн, британското девојченце кое исчезна во текот на семејниот летен одмор во Португалија во 2007 година, велат дека сé уште се надеваат дека ќе ја најдат својата ќерка, десет години по нејзиното исчезнување, пишуваат во неделата медиумите.

Во интервјуата објавени во неделата во неколку британски медиуми, семејството Меккејн истакнува дека ги охрабрува „чувствителниот напредок“ кој британската полиција го остварила изминатите пет години.

Скотланд Јард минатата седмица соопшти дека истрага сé уште ги следи „клучните“ траги во потрагата по Медлин, којашто исчезнала од викендичката во португалската област Алгарве ноќта на 3 мај 2007 година, на само тригодишна возраст. Родителите отишле во блискиот бар и ги оставиле Медлин и близнаците во креветите.

И покрај истрагата којашто досега чинела 11 милиони британски фунти, во полицијата велат дека сé уште нема „дефинитивен доказ“ за тоа дали Медлин, која денеска би имала речиси 14 години, е жива или мртва.

Таткото, 48-годишниот Гери Меккејн истакнува дека е „страшно“ тоа што сé уште не е пронајдена, но додава: „Ниеден родител нема да крене раце од своето дете, освен ако со сигурност знае дека не е живо. А ние за тоа едноставно немаме никакви докази“.

Со тоа се согласува и неговата сопруга Кејт: „Мојата надеж дека Медлин е жива не нималку помала отколку пред десет години. Никогаш не помислував дека толку долго ќе бидеме во оваа ситуација“.

Запрашани како семејството се справува со оваа неизвесност, семејството Меккејн велат дека, како и другите кои минале низ слични трагедии, настојуваат да се насочат на своите 12-годишни близнаци. „

„Да се прилагодиме и да создадеме некој нов нормален живот. Во одредено момент сфаќате дека времето не застанало“, вели Гери Меккејн.

Кејт вели дека сé уште секоја година ѝ купува на Медлин роденденски и божикни подароци. „Размислувам за тоа колку години би имала и дали би ѝ одговарала она што ќе го најдеме. Таа сé уште е нашата ќерка, секогаш ќе биде“, вели мајката.