На објект на Македонски железници кај патниот премин село Ваксинце – Куманово, каде што се поставени желеничките рампи, на ограничувачот за висина на патниот премин, од страна на непознато лице биле поставени две албански знамиња.
Случајот бил пријавен во неделата околу 18,30 часот од страна на вработен во Македонски железници, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.
Од МВР за Курир го потврдија настанот.
„Се преземаат мерки за откривање на идентитетот на сторителите, како и за целосно расчистување на случајот, вели Лиза Бендевска, портпарол на СВР- Скопје за Курир.