Ексклузивна презентација од светски познатиот дизајнер Christian Roth

Christian Roth, дизајнерот чии безвременски креации на очила ги надградуваат најуникатните модни стилови ќе ја претстави сржта на неговата инспирација во Dioptra Couture во понеделник, 08.05.2017, во Скопје. Водени од желбата секој да ја има можноста да го истакне својот карактер Dioptra Couture заедно со Dita Eyewear го предизвикуваат конвенционалното секојдневие нудејќи производи кои совршено го надополнуваат авангардниот моден стил.

Christian Roth уште од самите почетоци се здобил со репутацијата на дизајнер кој го поткопува секојдневието поставувајќи ги темелите на индустрискиот дизајн на очила. Неговите очила прв пат се појавиле на врвните модни писти во 1985 година. Во овие години Roth преку макотрпна работа со италијански и француски фабрики се здобил со комплетна и неизмерна почит од модната индустрија. Неговата соработка со Michael Kors и Karl Lagerfeld дополнително ја зацврстиле неговата позиција. Неговите дела ја добиле најголемата чест на изложба во Милано во 2002 година на која се покажало дека со неговите напори Roth успеал да ги претстави очилата како нешто повеќе од моден додаток.

Dioptra_Couture_1

Dioptra Couture преку соработката со Dita Eyewear и со претставување на моделите на Christian Roth цели кон тоа секој да ја има можноста да ја истакне уникатноста на својот карактер. Овие очила надополнуваат сечиј стил. Урбаната авангарда е основоположник на модерниот моден стил. Нудејќи ги темелите на истата Dioptra Couture генерира безвременска изјава на карактер за секого. Покрај врвните дизајнерски очила овој салон има и модели по пристапни цени за сечиј вкус.

Салонот на Dioptra Couture покрај големиот опус на очила има и најсовремен јапонски софтвер за ID оптички леќи (Hoya Eye Genius) во склоп на оптометриски кабинет каде што за еден час се изведува детален преглед на очи и се обезбедува изработка на очила и леќи.