![timthumb](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/05/timthumb.jpg?resize=460%2C242&ssl=1)
И Талат Џафери и Трајко Вељаноски најавуваат дека ќе ја свикаат новата седница на македонското Собрание.
По чудниот „избор“ на Џафери за собраниски спикер тој вчера прошета во Собранието и сам се уверуваше каква била материјалната штета од неговиот „избор.
Тој рече дека ќе се потрудел да биде претседател на сите пратеници, а честитките ги доби од американскиот дипломат Хојт Ји.
До денеска, никој со сигурност не може да каже, кој гласал за Џафери, колку пратеници биле присутни во Собранието и како точката за негов избор се најде на дневен ред.
За ВМРО-ДПМНЕ Џафери не е претседател на Собранието, а неговиот избор е спротивен на Уставот.
Актуелниот претседавач со законодавниот дом, Трајко Вељаноски најави дека штом се
создадат услови тој ќе го свика продолжението на конститутивната седница.
„Има 4-5 изборни места каде што се уништени места за пријавување, зборување и гласање. Штом ќе се поправи јас како претседавач, ќе одлучам и ќе закажам продолжение на седницата.“ – изјави Вељаноски.
Останува прашањето кој ќе биде побрз за свикување на Собранието. Дел од пратениците пристигнуваат во Собранието, но најава за собраниска седница нема, објави Прес 24.