
На платото на Домот на културата во Кичево вечерва продолжи протестот на „За заедничка Македонија”, на кој на учесниците во име на иницијативата им се обрати Даме Силјаноски.
– Нема да застанеме, ќе продолжиме и нема да дозволиме тиранската платформа да биде основа некој да дојде на власт, рече Силјаноски.
Протестот беше поддржан и од актерот Петар Темелкоски кој се претстави со монодрамата „Да се биде Македонец”.