Телевизиските екипи се распоредија пред Бакингемската палата, нешто невообичаено се случува во палатата

Персоналот на британската кралица Елизабета Втора свика состанок на кралското семејство ширум земјата и нема причина за загриженост, изјавија за Reuters анонимни добро известени извори од Бакингемската палата, откако британскиот таблои објави дека сите припадници на кралскиот персонал се повикани во дворецот.

Таблоидот Daily Mail рано утрото обајви дека сите членови на кралскот домаќинство од цела Британија повикани во плататата на итен состанок, што веднаш предизвика нагаѓања на социјалните мрежи дека неѓто лошо се случува со кралицата или со принцот.

„Нема причина за паника“, рекол за Reutersu неименуваниот извор.

Daily Mail објави дека на кралскиот персонал ќе му се обратат Лорд Чемберлен, управител на кралскиот персонал, и првиот секретар на кралицата, Сир Кристофер Геид

Состанокот требаше да започне во 10 часот. Темата не е позната, но BBC наведува дека таквите средби на персоналот не се реткосто.
Околу палатата, која е резиденција на британската кралица во Лондон, утринава се собраа голем број на медиуми, по новинскиот напис дека „нешто невообичаено се случува во палатата“.

Десетици телевизиски екипи се пред палатата, а неколку луѓе од државата, блиски до кралското семејство, се повикани на состанок „по гласини што се однесуваат на кралицата или нејзиниот сопруг, принцот од Единбург“, јавија дел од лондонските медиуми.

Извори блиски до Бакингемската палата тврдат дека кралицата и сопругот вчера биле добро.

Кралицата неодамна наполни 91 година, и се врати вчера во Лондон по престој во дворецот Виндзор во западниот дел на Лондон. Нејзиниот сопруг принцот Филип во јуни треба да наполни 96 години.