
Војводата од Единбург, принцот Филип, сопруг на британската кралица Елизабета Втора, наесен се повлекува од сите кралски задолженија, соопшти Бакингамската палата.
– Одлуката сам ја донесе принцот Филип и поддршка за тоа доби од кралицата Елизабета, изјави портапрол на Бакингемската палата.
Во периодот до август тој ќе ги заврши сите обврски и нема да прифаќа нови.
Принцот Филип, ќе наполни 96 години идниот месец, и во 2016 година имаше 110 денови исполнети со обврски.
Тој е член, покровител или претседател на повеќе од 780 органзиации и ќе продолжи со соработката со нив, но „нема повеќе да игра активна улога со исполнување обврски“, соопшти Бакингемската палата.
Во соопштение, портпаролот рече дека војводата „се уште може да одбира дали ќе учествува во јавни настани од време на време“. Во ноември тој и кралицата ќе слават 70 години од венчавката.