Криминалецот Зоран Заев ги преплавува медиумите под контрола на СДС/Сорос со лажни вести само за да ги покрие срамните фактури на сметка на државните и национални интереси кои почнаа да пристигнуваат, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Интегрален текст од ВМРО-ДПМНЕ:
Народот гледа дека криминалецот Заев го поддржа внесувањето на знаме на Република Албанија во Собранието и сега сака да ја дефокусира јавноста од овој недоличен чин со измислување невистини за смена на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Никола Груевски ја водеше партијата и во последната изборна победа на која мнозинството граѓани гласаа за програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Никола Груевски ја има максималната поддршка и на Извршниот и на Централниот комитет. Најважно од се е тоа што Никола Груевски е политичарот кој има убедливо најголема доверба меѓу граѓаните.
Криминалецот Заев не може да се помири со фактот дека неговата антимакедонска политика е прочитана. Не може да се помири со фактот дека Македонците не се согласуваат дека се ниту Бугари, ниту Срби. Македонците немаат валкано лице и не сакаат да ја виткаат кичмата.
Затоа уценетиот Заев измислува вакви лажни вести.