Во однос на објавениот текст под наслов „Антикорупциска со дозвола од Архивот уништува документација” на порталот „Нова”на 4.5.2016 година, Државниот архив на Република Македонија сака да го истакне следново:
Согласно член 4 став 3 од Законот за архивски материјал (Службен весник на Република Македонија бр.95/2012, 41/2014, 72/2015, 148/2015 и 169/2015) по барање на Државната Комисија за спречување на корупција, Државниот архив на Република Македонија донесе Решение за уништување на документарниот материјал за период од 2002-2014 година.
Пред донесување на Решението, стручно лице-советник за евиденција, заштита и стручен надзор на архивскиот материјал кај имателите при Државниот архив на Република Македонија изврши увид во предложениот попис на документарниот материјал за уништување и е константирано дека предложениот документарен материјал е со изминат рок на користење и во него нема архивски материјал.
Согласно Законот за архивски материјал, Државниот архив на Република Македонија е должен да постапи по барање на имателот и според Закон имателот е должен да состави Комисија која ќе констатира дека документарниот материјал кој се предлага за уништување е со поминат рок на чување според Планот на архивски знаци и листите на архивски материјал и документарен материјал со рокови на чување.
Во конкретниот случај испочитувани се сите одредби од Законот за архивски материјал.