Телефонски раговор Коѕиас-Заев

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас вчера имал телефонски разговор со претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Зоран Заев.

Ова го соопшти грчкото Министерство за надворешни работи, без да наведе други детали за разговорот. Засега ниту грчките медиуми не шпекулираат за што се разговарало, ниту објавуваат информации од неименувани извори.

Во истото соопштение, грчкото МНР наведува дека Коѕиас телефонски контактирал со новата министерка за надворешни работи на Република Бугарија Екатерина Захариева, на која и ја честитал функцијата. Двајцата министри разговарале за следните чекори во грчко-бугарската соработка на билатерално и регионално ниво.

Шефот на грчката дипломатија вчера, исто така, телефонски разговарал и со министерот за надворешни работи на Германија, Зигмар Габриел, со кого дискутирале за прашања од билатералната соработка и за спроведување на грчко-германскиот акционен план.