Пјонгјанг ги обвини Вашингтон и Сеул за подготовка на атентат врз Ким Џонг-ун

(© EPA/HOW HWEE YOUNG)

Северна Кореја ќе го активира „одговорот на терористички напад во корејски стил, за да ги избрише од лицето на земјата разузнавачките организации на САД и Јужна Кореја коишто плетат заговор“, соопшти во петокот тамошното министерство за национана безбедност во врска со наводно разобличениот заговор на американските и јужнокорејските тајни и специјални служби за атентати врз највисокото раководство на земјата, пренесе службената новинска агенција KCNA.

Министерстовото за национална безбедност соопштува дека спречило план на американските и јужнокорејските разузнавачи да го убијат со отров младиот комунистички водач Ким Џонг-ун.

Атентатот врз Ким Џонг-ун, наводно, било планирано да биде извршен во Кумсисанскиот дворец, каде што се наоѓаат гробниците на дедото и таткото на сегашниот челник, основачите на Северна Кореја, Ким Ил-сунг и Ким Џонг-ил, или во текот на воена парада.

Сите агенти на американската Централна разузнавачка агенција (CIA) и на јужнокорејската Национална разузнавачка агенција (NIA), се истакнува во споменатото соопштение, „ќе бидат ликвидирани во Северна Кореја до последниот човек“.

Пјонгјанг ги смета таквите активности за „чин на државен тероризам, иницирано од САД и Јужна Кореја грозоморно злосторство со цел да се поткопа безбеднсота и суверенитетот“ на Северна Кореја.

Според севернокорејското министерство за национална безбедност, двете разузнавачки агенции „инфилтрирале на територијата на Северна Кореја криминална група којашто планирала да изврши терористички чин против највисокото државно раководство со користење биохемиска супстанција“.

За таа цел, американските и јужнокорејските специјални лужби, се наведува уште во соопштенеито на Пјонгјанг, „поткупиле идеолошки нестабилен граѓанин на Северна Кореја против семејството Ким, претворајќи го во терорист насочен против највисокото раководство на државата“.