Во сообраќајна незгода животот го загуби едно лице на возраст од 20 години, додека друго лице на возраст од 25 години се здобило со тешки телесни повреди и е пренесено во болница. Во возилото било уште едно лице кое се здобило со полесни повреди, пренесе Охрид1.
Несреќатата се случила околу 05:00 часот кај Рача.
Неофицијално поради неприлагодена брзина на патот, при што автомобилот се удрил во бандера па се истумбал.
Сообраќајот на Булевар Свети Наум Охридски е нормализиран.