Најмалку 18 загинати при истекување на гас во рудник за јаглен во Кина

Најмалку 18 рудари загинаа како последица на труење од истекување на гас во рудник за јаглен во централниот дел на Кина.

Како што јавија кинеските медиуми, несреќата се случила во провинцијата Хунан.

Во време на инцидентот во рудникот имало ушет 37 рудари, кои се на време спасени и хоспитализирани.

Кинеската полиција приведе неколку лица во рамките на истрагата за случајот.