Полицајци убија 15-годишно момче по грешка? (Видео)

Полицајци во Сан Диего застрелале 15-годишно момче. Имено, момчето било на паркингот пред едно училиште, но кога полицајците излегле од автомобилот, тинејџерот извадил пиштол и го насочил против еден од нив.

Тие исплашени за својата безбедност го застрелале тинејџерот со неколку куршуми, по што момчето починало на местото на настанот, а подоцна се установило дека пиштолот бил воздушен.