
Груевски попуштил? Кажете ми, кој друг шеф на политичка партија во Европа пружил повеќе отпор бранејќи ги државните и националните интереси на својата земја, притоа изложувајќи се лично на огромен ризик?, пишува на својот фејсбук профил политичкиот аналитичар и историчар, Никола Србов.
„Македонија, земја од два милиона жители, под водство на Груевски стана синоним на отпорот против надворешните притисоци. Груевски даде отпор и цела деценија ја бранеше државата од операцијата на меѓународната заедница да се промени власта со цел да се промени државниот систем и уредување, со крајна цел да се промени името и да се обезличи Македонија. Цело време се говори за народ. Колку народ имаше пред Парламентот на 27 април? 3 до 4 илјади патриоти. И колку од нив влегоа во собранието… Тоа ли е целиот народ? Каде беа другите? Дома, пред телевизор, на интернет. Време е да се биде реален, да се погледне на вистината в очи и да се биде самокритичен. За сите кои шират разногласие дека Груевски попуштил: Груевски не само што не попушти, тој остана исправен докрај, а ве уверувам и дека е спремен да остане на браникот на интересите на Македонија и македонските граѓани“, пишува Србов.