Двајца сточари од скопското село Блаце се првоосомничени во случајот со злоупотреба на земјоделските субвенции поради што ноќеска полицијата уапси шест лица.
Според првичните информации, во полициската акција уапсен е еден од сточарите, додека другиот во моментов е недостапен за полицијата бидејќи се наоѓал надвор од државата. Покрај сточарите приведени се и одговорен ветеринар во приватна ветеринарна станица, дежурен инспектор во Инспекторатот за земјоделство, вработен во подрачно одделение на Министерството за земјоделство и раководител на сектор за здравствена заштита и благосостојба а животните во Агенцијата за храна и ветеринарство.
Приведените се сомничат за повеќе кривични дела. Министерството за внатрешни работи најави повеќе инфомрации на прес конференција денеска попладне.