
Времето во вторник во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови од земјава каде се очекува да бидат пообилни.
Можна е и ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен северозападен ветер, кој долж Повардарието ќе се засилува.
Максималните дневни температури ќе се движат од 10 Целзиусови степени во западниот дел од земјата, 13 до 15 степен во североисточните региони и на југозападот, до 23 на југот. Во Скопје и околината, како и во централниот дел од земјата температурата ќе достигне меѓу 18 и 20 степени.
Во среда претпладне на запад се уште ќе има услови за локален дожд, а од четврток времето ќе биде стабилно со умерен јужен ветер и со значителен пораст на температурата.