Скормен и талентиран, таков е победникот на првото регионално Х фактор натпреварување,
Даниел Кајмакоски реагираше на коментарите на новинарите, а и социјаните мрежи, дека Балканот го доби новиот Тоше Проески.
„Луѓето изгледа забораваат колку Тоше беше генијален. Тој можеше да направи се’ што сакаше. Тоа што победив во Х Фактор не ми дава за право дури ни да кажам дека сум на добар пат да бидам како него. Многу години ќе минат за да можам да кажам дека можеби понекогаш ќе наликувам на него. Споредувањето со Тоше ми годи, но добро знам дека не е реално! “, вели, скромен како и секогаш, Даниел Кајмакоски.