Јавното обвинителство мора целосно да го рашчисти насилството во Собранието. Сo упадот во Собранието извршени беа тешки кривични дела. Се случи терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, беше направен обид за убиство на пратеници, беа нападнати новинари, и вработени во Собранието, тбрдеше во вторникот портпролот на СДСМ, Петре Шилегов, во изјава за новинарите.
Според него „мора да има“ брзо и ефикасно решавање на сторените „тешки кривични дела“ а тоа го очекува целата македонска, „меѓутоа и меѓународна јавност“.
„Секое несоодветно постапување од страна на Јавното обвинителството и надлежните обвинители, го прави овој државен орган, и нив поединечно, соучесници и помагачи на извршеното насилство кон највисокиот законодавен дом на Република Македонија.
Ваквото непостапување на Јавното обвинителство, дополнително ги охрабрува протестантите, па вчера резултираше со дополнителни закани и насилничка реторика на учесниците на протестите“, смета Шилегов.
Смета дека „млаката реакција“ од страна на надлежното обвинителство „ги мотивира и учесниците и организаторите“ на протестите да повикуваат и практикуваат насилство.
„Пример за ова се и заканите по животот упатени кон високи функционери на СДСМ кои се случија за време на вчерашниот протест, рече портпаролот на социјалдемократите.
Шилегов го повика обвинителството „да работи сериозно3, да ги утврди сите кривични дела коишто, како што оцени претстаувале „уривање на законодавниот дом“ и правилн, правно да ги квалификува истрагите и обвиненијата, да бидат опфатени сите лица коишто го нарачале, помогнале и извршиле упадот падот врз Собранието.