За да се постават темелите на авангардните креации на очила и да се издигнат очилата како врвен моден додаток е потребна неизмерна пожртвуваност и инспирација. Christian Roth е светски познатиот дизајнер кој заедно со неговиот партнер Eric Domege во Dioptra Couture на плоштад Македонија, ги споделија корените на нивната инспирација и храброст која отвори нов свет на модата. Тие ја презентираа и својата нова линија на очила креирана заедно со Dita Eyewear и достапна во Македонија преку Dioptra Couture.
Пред да започне со својата работа на модните писти во 1980те години очилата биле само еден додаток кој ги надополнувал модните креации. Christian Roth со макотрпна работа и преку соработка со италијанските и француските фабрики се трудел да создаде нешто повеќе, нешто врвно. Тој успеал да ја зацврсти репутацијата на очилата како сериозна модна креација која не е само додаток, туку како надополнување на нечиј карактер. За време на настанот тој ги сподели и нивните искуства од работата со врвните креатори Karl Lagerfeld и Michael Kors.
Christian Roth и Eric Domege пред присутните ги претставиja дизајните на очила потенцирајќи ја нивната уникатност преку препознатливиот дизајн во кој се користи врвна технологија. Секој пар на очила и создаден со посебна технологија и материјали користејќи методи кои се толку ретки што ја прават нивната линија на очила единствена во светот. Воедно, материјалите со кои се произведуваат очилата можат да се најдат само на неколку места на планетата. Еден вид на очила е направен со посебен камен кој може да се најде само на еден мал остров близу Венеција и Christian Roth е еден од дизајнерите кој има пристап до специфичниот производен процес.
„Брзината со која се движи модата во ова модерно општество е инспирација за новото, следното и сегашното. Сепак, авијаторските и гламурозните форми се безвременски. Тие му дозволуваат на тој или таа што ги носи да ја покаже својата индивидуалност и моден сенс. Трендовите се појавуваат и исчезнуваат секојдневно. Но, никогаш не постои прашањето дали нешто ќе се врати, туку кога ќе се врати. Секогаш кога некој дизајн ќе се појави повторно генерацијата поставува свое значење на истиот.“ истакна Christian Roth.
На настанот присуствуваа видни личности како италијанскиот амбасадор Карло Ромео, Анкица Стојановска, Сара Мејс, Висар Вишка, Фросина Фран, Цаци Паковска, Влатко Лозаноски, Димитар Атанасовски, Павле Камилоски, Катерина Стевковска, Дарко Спејко и други.
Dioptra Couture и Dita Eyewear ги претставуваат моделите на Christian Roth и Eric Domege со цел секој да ја има можноста да ја допре светската урбана авангарда и да ја истакне уникатноста на својот карактер.
Dioptra Couture од самото отворање го следи урбаниот стил и ја нуди сржта на модната култура од целиот свет. Од големиот дијапазон на дизајнерски и врвни производи во салонот има и модели по пристапни цени за сечиј вкус.