Согласно измените и дополнувањата на Изборниот законик од 2016 година, Државната изборна комисија е должна на секои 6 месеци јавно да ги повикува граѓаните да извршат увид во своите податоци во Избирачкиот список и доколку сметаат дека е потребно, да побараат измена во истите.
Исполнувајќи ја оваа своја обврска, ДИК објави јавен повик за проверка на податоците во Избирачкиот список: http://www.sec.mk/javen-povik-za-proverka-na-podatocite-vo-izbirachkiot-spisok/
Наредниот редовен јавен повик ДИК ќе го објави по 6 месеци.