
Во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има повремен дожд особено на запад, каде што е можна појава и на ретки грмежи и повремено умерени врнежи.
Минималната температура ќе се движи од 7 до 15 степени, а максималната од 22 до 30 степени.
Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне со зголемена облачност и со услови за појава на краткотраен дожд. Температурата ќе се движи од 11 до 27 степени.
Утре врнежите ќе се прошират насекаде, а локално и особено на југот и југоистокот дождот ќе е пороен и со грмежи. Во среда се очекуваат да наврнат и пообилни количества, а тогаш и ветерот ќе е посилен. Во следнава недела утринските температури ќе бидат во постојано опаѓање, а дневните од четврток ќе се во пораст, информира УХМР.