За млекарите и за живинарите денеска е последниот ден за поднесување барања за субвенции за предаденото млеко и за купени несилки.
Финансиската поддршка е за откупено овчо, козјо и кравјо млеко и за набавени несилки во живинарските фарми од октомври до декември 2016 година.
За млекото висината на поддршката е по 3,5 денари за еден литар однесен во лиценцирана млекарници.
Барањата се поднесуваат по електронски пат во подрачните единици на Министерството каде што е регистрирано земјоделското стопанство или фармата.
До крајот на денот истекува и рокот за поднесување на барања за финансиска поддршка и во живинарството за набавени несилки исто така од октомври до декември 2016 година.
За секоја купена несилка ќе се добиваат по 100 денари субвенции.