Качински ја обвинува Меркел за миграциските проблеми во ЕУ

Челникот на полската владејачка партија Јарослав Качински повторно во саботата го критикуваше планот на Европската унија за премесување на имигрантите, обвинувајќи ја германската канцеларка Ангела Меркел за предизвикување на миграциските проблеми во Унијата.

„Ние не ја отворивме Европа за беглаците, ја отвори г-ѓа Меркел. И г-ѓа Меркел и Германија треба да ги понесат последиците, а не Полска“, изјави Јарослав Качински во интервјуто за јавната телевизија TVP Info..

Според планот договорен во 2015 година, Европската комисија сака земјите членки на ЕУ да преземат одредена квота од 160.00 баратели на азил од Италија и од Грција. Повеќето од нив бегаат од регионите опфатени од воени судири и сиромаштија на Блискиот исток и во северна Африка.

Полска во четвртокот одби да попушти под притисокот на ЕУ и не сака да прими ниту ден азилант, според планот за нивно разместувања и покрај заканите од Брисел дека ќе преземе правни мерки против Варшава.

Европската комисија во јуни ќе одлучува дали ќе презема правни мерки против земјите кои не сакаат да примат азиланти како што се договори ЕУ, со што се приближи до можното санкционирање на Полска и Унгарија.