
Звук сличен на детонација се слушнал во трговски центар во Манчестер од кој претходно биле евакуирани посетителите и вработените, јавува агенцијата Reuters
Фоторепортерот на агенцијата јавил дека во текот на евакуацијата на посетителите се слушнал „силен тресок“ кој тој го опушува како звук кој наликувал на експлозија.
Според агенцијата, станува збор за трговскиот центар „Arndal“ кој е лоциран во самиот центар на градот. Очевидци изјавиле декљ „десетици луѓе“ бегеле од објектот.
Локалната телевизија соопшти дека полициајта во трговскиот центар уапсила засега неидентификуван маж. Други поединости засега не се соопштени.