
Поради превртено возило голем застој попладнево на патот Росоман- Прилеп непосредно пред тунелот. Возилото е извртено на коловозната лента така што таа целосно е затворена до завршувањето на увидот.
Се уште нема информации за состојбата на возачот, ниту дали во возилото се превезувале и други патници.