
Дел од грчките медиуми периодов интензивно го напаѓаат проектот Скопје 2014 та, заедно со дел од членството на СДСМ кое што се погласно бара уривање на спомениците и зградите поставени во негови рамки.
Како што јавува дописникот на Нетпрес од Атина, уривање на зградите од Скопје 2014 та и нивно фрлање во отпад, преку грчки весник побара архитектот и член на СДСМ, Мирослав Грчев.
Грчкиот „Весник на уредниците” пишува дека Грчев меѓудругото, е дизајнер на новото знаме на Македонија, откако под грчки притисок беше сменето старото со сонцето од Кутлеш. Весникот пишува и дека тој е противник на проектот Скопје 2014 та со кој што поранешниот, според нив, националистички премиер Никола Груевски, сакал да го фалсификува Македонскиот идентитет.
„Во шеесетите и седумдесетите години Скопје беше познат по својата модерна архитектура, а сега станавме предмет на потсмев. Но сега вртиме нова страна. Десетгодишната темнина дојде до крајот. Нашата нација ќе ја препознае својата слобода само кога овие згради ќе се уништат, а остатоците ќе се фрлат во отпад“, вели Грчев за грчкиот весник .
Грчев во интервјуто го напаѓа лидерот на ВМРО=ДПМНЕ Груевски, тврдејќи дека тој имал идентитетски проблем кои што го наметнал врз нацијата. Грчев со навреди и до уметниците, архитектите и скулпторите што учествуваа во проектот, велејќи дека тие биле целосно непознати и без дела и станувало збор за партиски пријатели, па според тоа целиот проект бил комбинација од 0 посто знаење и 100 посто ароганција.
И во напис на весникот Етнос за отворањето на новата филхармонија, жестоко се критикува проектот Скопје 2014 та.
„Филхармонијата е дел од политички и естетски контроверзниот план Скопје 2014 та, со кој што стариот режим се обиде да изгради “етничка македонска свест”, со спомениците на иредентизмот и псевдо македонизмот“, пишува Етнос.