Реконструкцијата на охридската болница „Св. Еразмо“ се очекува да заврши до септември годинава. На истата интензивно се работи повеќе од една година, а за четири месеци ќе биде завршена.
Увид во градежните активности денес извршија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и министерот за здравство Никола Тодоров.
Од она што беше истакнато, а во врска со одделот на интезивна нега, е дека по завршената реконструкција секој пациент на интензивна ќе биде сам во соба.
По реконструкцијата, Кардиолошкиот завод и кожната болница ќе бидат префлени во болницата „Св.Еразмо“.