Заев: Идната недела ќе има нова Влада

На почетокот на следната седница би требало да има нова Влада, изјави лидерот на СДСМ и мандатар Зоран Заев, по завршувањето на неформалната вечера на лидерите на шесте земји од Западен Балкан заедно со високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини.

На средбата станало збор за регионалните проекти, за поддршката за инфраструктурните проекти што се во фаза на изградба и во фаза на аплицирање. На прашањето до каде се преговорите за формирање на новата влада и дали БЕСА ќе биде дел од власта, Заев рече дека со другите партии е многу поблиску и до распределбата на ресорите и до одлучувањето за кадрите.

Можам да кажам дека со другите партии сме многу поблиску и во делот на она што значи распределба на ресори и во делот на аспектот на потребата од изнаоѓање на квалитетни кадри. Со партијата БЕСА не сме дошле уште да разговараме за кадри, сеуште разговараме за ресорите, вкупниот број, колку, пропорциите, одговорноста. Верувам дека многу брзо ќе дојде и да разговараме и за имиња, рече Заев