Две улици во Скопје без вода за пиење

Улицата Мариовска и улицата 56 број 8 во Волково се без вода за пиење, информираат од јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Прекинот е поради изведување на приклучок профил ф-80 милиметри на улица Мариовска бр.1 без водоснабдување ќе останат корисниците од истоимената улица од 09,35 па се до изведување на приклучокот.

Вториот прекин е поради дефект на водоводна мрежа профил ф-150 милиметри на улица 56 бр.8 во Волково без водоснабдување ќе останат корисниците од истоимената улица од 09,50 па се до санирање на дефектот.