Двата дома на американскиот Конгрес се подготвуваат за усвојување на закон со кој што ќе се обезбедат гаранции за заем од милијарда долари за Украина и за официјализирање на санкциите за оние кои учествуваа во руското присоединување на украинскиот полуостров Крим.
Претставничкиот дом и Сенатот се подготвени да го усвојат овој документ и навеле дека сакаат тој да се најде на масата на американскиот претседател, Барак Обама, за потпис пред крајот на неделата.
Нацрт законот во Сенатот овозможува гаранција за заем од милијарда долари на Украина и дополнителни 100 милиони долари директна помош. Во саното се преточени и санкциите кои се воведени кон некои од блиските соработници на рускиот претседател Владимир Путин, членови на неговиот потесен круг, владини претставници, некои од најбогатите луѓе во земјата и една водечка банка.