Беса сѐ уште решава дали ќе влезе во новата влада

Претходно закажана е и седницата на централниот комитет на партијата на која ќе решава дали ќе учествува во владата или ќе даде само поддршка преку нејзините пет пратеници. Беса пред два дена ги соопшти условите за учество во власта – редефинирање на државата, во Владата да нема место за лица осомничени во истрагите на СЈО, рокови за отварање на некои теми и рокови за донесување на некои закони, како што е Законот за јазиците…

За СДСМ само дел од овие принципи биле прифатливи.

Со пратениците на Беса (5), новата влада би имала поддршка од 67 пратеници, а без нив од 62 пратеници.

Во новата влада ќе има помал број на вице­премиери и на министри без ресор, а како дел од барањата во декларацијата на албанските партии во Македонија ќе се формира ново министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, наместо вицепремиер задолжен за Рамковниот договор. За оваа функција ДУИ веќе го предложи Хазби Лика.

Непартиски решенија се планирани за министерството за надворешни работи и за економски прашања. СДСМ ќе има министри за внатрешни работи, за земјоделство, за финансии, за труд и социјала, за образование, култура, а правда зависи од договорот со Беса. ДУИ ги задржува министерствата за економија, за животна средина, за локална самоуправа, за евроинтеграции и за економија.

Алијансата за Албанците веројатно ќе има министер во здравство.