
Непосредно по изборот на новата Влада, по полноќ на Јутјуб се појави аудио снимка од телефонски разговор, за кој, според гласовите, се претпоставува дека е помеѓу, уредникот на „Слободен Печат“ и „Плусинфо“, Бранко Героски и Љубомир Фрчкоски.
Разговорот почнува со тоа дека на Фрчкоски ќе му бидат исплатени пари за неговите „услуги“ во медиумите на Героски (веројатно станува збор за објавени текстови и колумни), па продолжува со тоа дека треба да се подготви терен за воведување на двојазичноста.
Гласот за кој се претпоставува дека е на Фрчкоски, вели дека „се што не е забрането со Устав, е дозволено“, а се’ што е побарано во Тиранската Платформа за двојазичноста не е спорно и дека тоа може да се „изработи“.