
Министерството за образование и наука информира дека вчера Собранието го донесе Законот за изменување на Законот за основното образование, Законот за изменување на Законот за средното образование и Законот за изменување на Законот за наставници во основните и средните училишта со кои се укина екстерното тестирање.
Измените се објавени во Службен весник на Република Македонија број 67 од 1 јуни 2017 година и стапија во сила со денот на нивното објавување.
„Со овие законски измени е укинато екстерното тестирање и истото нема да се спроведува. Сите отпочнати постапки во врска со екстерното проверување на знаењето на учениците запираат“, се наведува во соопштението.