ОЈО поведе постапка за таткото кој се сомничи дека си го силувал детето

Основното јавно обвинителство поведе постапка против едно лице за полов напад врз дете. Осомничениот делото го вршел во периодот од септември до декември лани, во времето кога ги користел законски овозможените видувања со своето дете од вонбрачна заедница. Однесувањето на детето создало сомнеж кај мајката која го пријавила случајот.

„Од тој момент обвинителството ги презеде сите потребни дејствија за прибирање на докази и утврдување на факти во предметот. По спровување на предистражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против осомничениот за сторено кривично дело Полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик“, соопшти ОЈО.

На осомничениот му е определен притвор во времетраење од триесет дена.