Командант на УЧК бара од Заев да го ослободи од затвор

Авдил Јакупи, припадник на УЧК, познат како „командант Чакала“, му испратил отворено писмо на новиот претседател на Владата, Зоран Заев, со барање да ги ослободи од издржувањето на затворската казна, пренесуваат во петокот медиумите на албански јазик..
Со пимсото Јакупи бара од Заев да го ослободи од затвор, каде што се наоѓа веќе 14 години за дело, за коешто тврди дека не го сторил, преренесуваат албанските медиуми.

 

„Почитуван Премиер, Зоран Заев, целосно сум невин. Али Ахмети, Фатмир Дехари, но исто така и командандантот Хоџа знаеја добро кој ги поставил мините, но не реагирале. Јас бев незаштитен и наместен од Зоран Верушевски, само затоа што бев дел од УЧК. Бев осуден на 22 години казна затвор, сега веќе 14 ги завршив“, напишал тој „командант Чакала“ во писмото кое го пратил до новинската агенција ИНА.

 

Јакупи е обвинет дека го минирал возот на релација Атина – Белград, како и додека бил во бегство киднапирал двајца македонски полицајци, наведува агенцијата. За ова дело тој е казнет со 15 години и 7 години за тероризам, односно вкупно 22 години затвор.