Сопственикот на аптеките „Виола“ не бил киднапиран

Семејството на сопственикот на аптеките „Виола“ ја демантира информацијата во текстот на Нетпрес, „Киднапиран газда на позната аптека“, посочувајќи дека воопшто не станува збор за киднапирање.

Оттаму, не сакаа ниту да ја потврдат, ниту да ја демнатираат поврзаноста на случајот со официјалната информација од полицискиот билтен, за случај кој е регистриран синоќа, а според кој на лицето М.Ф. (60) му се нанесени тешки телесни повреди.

Според МВР,  на 2.6.2017 година,  во 1.18 часот, од обезбедувањето во болницата „Систина“ е пријавено дека кај нив е донесено повредено лице М.Ф.(60) Скопје. Оштетениот на улица Баница,  пред зграда бил физички нападнат од засега непознато лице. Од страна на лекар кај М.Ф.  биле констатирани тешки телесни повреди.