Полицијата во петокот вечерта ги евакуира посетитлите на фестивалот Rock am Ring во Нирнберг, поради објава за терористичка закана, соопштија организаторите на настанот на кој се собираат десетици илјади луѓе на социјалната мрежа Facebook.
„Поради терористичка закана, полицијата препорачува да се прекине одржувањето на фестивалот. Ги повикуваме сите посетители да го напуштат местото на одржувањете на настанот“, соопштија организаторите.
Германската полиција по процената на ситуацијата наредила публиката да ја напуштат територијата на којашто се одржуваат рок концертите.
„Немаме друг избор освен да го прекинеме фестивалот. Полицијата треба да ги спроведе истражните дејствија“, го цитира електронското издание на весникот Bild еден од организаторите. Други поединости не се соопштени.