
Го прифатив повикот да бидам дел од тимот на министерот Драган Тевдеовски, но рочната позиција уште не се знае, нашиша на својот фејсбук профил економистот и поранешен член на Левица Бранимир Јовановиќ.
„Знам дека влегувам во ова клучно министерство во многу сериозен период, кога ќе треба и да се коригираат многу работи од претходното владеење, и да се прават промени во насока на поправедно општество. Нема да биде воопшто лесно, но токму затоа и прифатив, зашто сакам предизвици и зашто ако сега не се промени нешто, никогаш нема“, напиша Јовановиќ, еден од поактивните припадници на Шарената револуција и поранешен член на партијата Левица.