Светот солидарен со Лондон, бара заедничка реакција на тероризмот (збирна)

(Federica De Caria/PA via AP)

Во терористчкиот напад во саботата ноќта во Лондон во кој напаѓачи се залетаа со голема брзина во пешаци на Лондон Бриџ и потоа со ножеви напаѓаа минувачи на улиците и посетители на блиските барови во Боро Маркет, убиени се седум луѓе и ранети се најмалку 48, а полицијата ги застрела тројцата напаѓачи.

Нападот се случи во пресрет на британските парламентарни избори на 8 јуни и помалку од две седмици по самоубиствениот бомбашки напад на концертот на американската поп-пејачка Аријана Гранде во Манчестер кога беа убиени 22 лица и над 60 беа ранети, од кои повеќе од дваесетина сѐ уште се во болниците.

Засега никој не ја презема одговорноста за најновиот терористички напад во Лондон.

Тројцата напаѓачи имале на себеси нешто што личело на елеци со експлозив, но подоцна се покажа дека станува збор за лажни ткн „самоубиствени елеци“.

Јавниот сервис BBC прикажа фотографии на двајца можни напаѓачи кои полицијата ги застрелала, од кој еден имал канистер врзан за телото.

Со часови по нападот кој се случи недалеку од лондонскиот кварт во кој се сместени владини институции, областа беше блокирирана и под надзор на тешко вооружените припадници на антрористичките сили и на полицијата.

Влегувањето и излегувањето во трите главни лондонски болници е под строг надзор поради безбедноста на пациентите и медицинскиот персонал. Улиците околу Лондон Бриџ и Боро Маркт, елитните квартови кои полни со барови и ресторани во саботните вечери се преполни со луѓе, исто така се строго контролирани.

Лондонскиот градоначалник Садик Кан, од пакистанско потекло и првиот во историјата муслимански градоначалник на британската престолнина изјави дека станува збор за „кукавички напад врз невини жители на Лондон и гости на нашиот град кои уживаа во саботната вечер“.

Сведоците опишуваат засташувачки сцени

Очевидци опишуваат како бело комбе се залетало во пешаците на Лондон Бриџа соборувајќи неколку лица.

„Се чинеше дека цели врз група луѓе. Се смрзнав и не знаев што да правам“, изјави за Reuters 53-годишниот Марк Робертс. Додава дека на земјата видел најмалку шест лица откако комбето минало по тротоарот. „Беше стравично“, додава.

Возач на такси возило за BBC вели дека тројца мажи излегле од комбето со долги ножеви и „со ред ги бодеа луѓето по улицата Боро Хај“.

Очевидци опишуваат како луѓето трчале во баровите барајќи засолниште.

„Луѓе почнаа да трчаат и да врескаат а комбе се заби во оградата одзади. Излеговме кон Боро Маркет и сите влагоа внатре во барот. Сите во барот понаа да ги туркаат луѓето од излезот“, вели 32-годишниот Брајан за Reuters.

Друг очевидец чијашто блуза била крвава ја опишал сцената на паника во барот. „Се активираа алармите. Река од луѓе тргна кон помошните излези. И потоа луѓето почнаа да врескаат и да се враќаат. Зад аголот беше маж со убодна рана во вратот… Во барот имаше лекарка која му помогна. Му ја притиснаа раната“, вели 31-годишен сведок.

Радиото BBC пренесува изјави на сведоци кои опишуваат дека луѓето фрлале столчиња и маси врз напаѓачите за да се заштитат.

Американската телевизиска мрежа CNN пренесува сведоштво за двајца мажи кои влегле во Боро Маркет и со ножеви нападнале две лица. Сведокот вели дека келнерката се здобила со убодна рана во вратот, а маж бил прободен во вратот.

Телевизијата BBC прикажа кадри на коишто десетици лица кои биле жртви на нападот и кои со рацете на главите полицијата ги пренесува на безбедни места.

Кој стои зад нападот, се чека идентификување на жртвите

Ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава, којашто ја губи освоената територија во Сирија и во Ирак, во саботата преку мрежата Telegram ги повика своите следбеници да изведуваат напади со камиони, ножеви и огнено оружје против „крстоносците“ во текотот на светиот муслимански месец Рамазан.

Сличните напади во Берлин, Ница, Брисел и Париз ги изведуваа милитантите изминативе две години поттикнати или инспирирани од споменатата џихадистичка организација.

Британската премиерка Тереза Меј за неделата свика итен состанок на советот за национална безбедност на Обединетото Кралство.

Последниот напад во Лондон е третиот кој се случува во Велика Британија од почетокот на годинава. Претходно на 22 мај на концертот во Манчестер бомбаш самоубиец уби 22 а рани 116 луѓе, од кои 64 се во болница и од нив дваесетина се уште во критична состојба, а на 22 март во напад во близина на британскиот парламент загинаа 6 луѓе а околу 50 беа ранети.

Идентитот и државјанствата на сите настрадани во синоќешниот напад во Лондон сѐ уште не е познат. Во меѓувреме, кабинетот на францускиот претседател објави дека во нападот се повредени четворица француски државјани, од кои еден е тешко ранет, а владата на Австралија соопшти дека едно од повредените лица има австралиско државјанство.

Британските партии ја запираат предизборната кампања

Конзервативната партија на британската премиерка Тереза Меј ја суспендираше националната предизборна кампања, изјави нејзиниот портпарол веднаш по терористичкиот напад. „Конзервативната партија денеска не оди во националната кампања. Ќе следиме во врсака со тоа како што ќе одминува денот“, изјави.

Опозициската Лабуристичка партија, исто така, привремено ја прекина предизборната кампања, објави нејзиниот челник Џереми Корбин. „Лабуристичката партија ќе ја суспендира националната предизборна кампања до крајот на денот по консултациите со другите партии како израз на почит кон оние коишто ги загубија животите или се ранети“, рече Корбин.

И Шкотската национална партија (SNP), исто така, ја запре националната кампања.

Партијата за незавсност на Обединето Кралство (UKIP), пак, објави дека нема да ја прекине предизборната кампања порачувајќи дека „попречувањето на демократијата е она што екстремистите го посакуваат“.

Лондонскиот градоначалник Садик Кан изјави дека не би требало да се одложат парламентарните избори во земјата предвидени за во четврток. „Една од работите коишто можеме да ги направиме за да покажеме дека не може да бидеме заплашени, е да излеземе на изборите во четврток….“, порача Кан.

Најави засилено присуство на полицијата во градот по смртоносниот напад, но рече дека нема причина за паника. Ги повика граѓаните да останат мирни и претпазливи.

Ист апел објави и лондонската полиција која објави дека не верува дека уште некои напаѓачи се на слобода, но мора да биде целосно сигурна па спроведува дополнителни операции. Полицијата објави дека и натаму на сила е сериозното ниво на опасност, што значи дека нов напад е многу веројатен. Тоа е претпоследното пред највисокото ниво на терористичка закана во Велика Британија.

Светот изразува солидарност со Британија

Велика Британија во неделата доби изрази на сочувство за жртвите и осуда за нападот, како и поддршка во борбата против тероризмот од целиот свет.

Германската канцеларка Ангела Меркел изрази сочувство и солидарност со Британците. „Денеска, без оглед на границите, сме обединети во ужасот и тагата, но и во решителноста. Во борбата против сите облици на тероризмот Германија е решително на страната на Британија“, порача Меркел.

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, вели дека „со ужас“ ги следи последните напади. „Моите мисли и молитви се со жртвите и нивните семејства“, порача.

„Ужасни вести ноќеска од Лондон. Ја следиме ситуацијата“, напиша канадскиот премиер Џастин Трудо на Twitter.

Рускиот претседател Владимир Путин го осуди „терористичкиот напад“ во Лондон и изрази „најдлабоко сочувство“ со Британците. „Рускиот претседател верува дека зајакнувањето на заедничките напори во борбата против терорзмот ширум светот треба да биде заедничкиот одговор на она што се случи“, се наведува во изјавата на Кремљ.

Амерканскиот претседател Доналд Трамп напиша на Twitter „Што и да можат САД да сторат за да му помогнат на Лондон и на Обединетото Кралство, ние ќе бидеме тука – ние сме со вас. Господ да ве благослови“.

Новозеландскиот премиер Бил Инглиш изјави дека „терористите, на коиште целта им е да нанесат патење и болка на невините луѓе, однесуваат премногу жртви“.

Финскиот премиер Јуха Сипила објави на Twitter дека го „шокирале и растажиле вестите од Лондон“. „Силно ги осудуваме нападите и нашите мисли се со настраданите“, порача.

Данскиот министер за надворешни работи Андерс Самуелсен напиша на Twitter „Ужасни терористи. Тоа е толку болно што недостигаат зборови“.

Шведската министерка за надворешни работи Маргот Валстром, исто така, се огласи по повод „уште еден свиреп терористички напад во Лондон“. „Солидарност со Обединетото Кралство. Моите мисли се со жртвите и нивните сакани“, напиша.

„Во чест на жртвите, ние сме обединетите во нашата заедничка доследност во борбата против тероризмот“, изјави италијанскиот премиер Паоло Џентилони, а министерот за надворешни работи Анџелино Алфано им порача на Британците дека „не се сами“.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој изрази солидарност и понуди „поддршка за британските власти и народот“.

Австрискиот претседал Александер Ван Дер Белен најостро го осуди „овој кукавички чин“. „Солидарност со британскиот народ“, напиша.

Полското министерство за надворешни работи изрази најдлабоко сочувство со британските граѓани и властите и ги повика Полјаците во Лондон да бидат претпазливи и да ги следат препораките на локалните власти.

„Франција е со Британија повеќе од кога и да е. Моите мисли се со жртвите и нивните сакани“, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.

Вестите за нападот го шокирале и австралискиот премиер Малколм Тарнбал. „Нашите молитви и солидарност денеска како и секогаш се со британскиот народ соочен со шокантните терорстички напади во Лондон“, изјави.

Индинскиот премиер Нарендра Моди ги осуду нападите нарекувајќи ги „шокирачки“. „Нападите во Лондон се шокантни и предизвикаа голема тага. Ги осудуваме“, изјави Моди додавајќи дека нивните мисли и молитви се со семејствата на настраданите.

„Страшни вести од Лондон. Моите мисли се со настраданите“, изјави шкотската премиерка Никола Старџен.

Американската поп-ѕвезда Аријана Гранде, на чиј концерт во Манчестер се случи масакрот пред две седмици, порача дека „се моли за Лондон“.