Мурињо разочаран од Реал (М)

Остри критики до Реал (М), поради очајната игра на последните првенствени натпревари против екипите на Барселона и Севилја, упати и контроверзниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Жозе Мурињо.

“Кога е во прашање Реал (М), јас очекував да биде повисоко на првенствената табела, да биде лидер, да има убава предност пред Барселона која загуби многу бодови, повеќе од тие што ги загуби во изминатите три сезони. Сакам да го пофалам тимот на Атлетико (М). Знаеме дека Атлетико (М) има многу помал буџет во споредба со градскиот ривал, но постигнува феноменални резултати, како во Примера дивизион, така и во Лигата на шампиони. Сега шпанската лига е лига помеѓу три клуба”, изјави трофејниот португалски стручњак.