
Сега е веќе доста, изјави британската премиерка Тереза Меј и повика на измена на противтерористичката стратегија во изјавата од неделата по нападот во Лондон во кој седум луѓе беа убиени а уште 48 беа ранети, и објави дека парламентарните избори ќе се одржат на 8 јуни, како и што е планирано.
„Земјата е пред нов вид терористичка закана, кога терористите се копираат меѓусебно. Тероризмот го храни тероризмот, а напаѓачите не дејствуваат на основа на внимателно подготвен план, туку станува збор за поединечни напади коишто неретко се копираат едни со другите, користејќи најпримитивни средства“, истакна британската премиерка Тереза Меј.
„Не можеме да се преправаме дека така може да се продолжи, работите мора да се променати, мора да се променат во четирите важни сегменти“, изјавви Меј.
Прво треба „со демократски средства“, „со плуралистичките“ британски вредности, кои се помоќни од проповедниците на омразата, да се порази „идологијата на злото на исламистичкиот екстремизам“, смета британската премиерка.
Како второ, Меј спомена дека за идеологијата на терористите не смее да им се остави сигурен простор за размножување, а за таквиот простор го посочи инернетот, како и другите важни сегменти, и најави прописи коишто ќе го регулираат кибернетичкиот простор „за да се спречи ширењето на екстремизмот и зголемување на бројот на терористичките операции“.
Како трето, најави дека треба да биде поразена џихадистичката организација Исламска држава во Сирија и во Ирак , но и на домашен терен, во Велика Британија.
„Признаваме, бевме премногу толерантни кон екстремизмот во нашата земја… И затоа мораме посилно да го идентификуваме и да го искорениме од јавниот сектор и од целото општество“, порача Меј.
Британската премиерка како четврта задача најави дека полицијата и безбедносните служби ќе ги добијат сите неопходни овластувања за Велика Британија да добие нова антитерористичка стратегија.
„Доколку е потребно, ќе го зголемиме времетраењето на притворот за прекршоци поврзани со тероризмот, дури и за помали прекршоци, тоа и ќе го сториме“, порача британската премиерка Тереза Меј.
Во името на целата нација, Меј ги пофали професионализмот и храброста на полицијата и службата за вонредни состојби, како и храброста на граѓаните кои се бранеле и им помагале на другите.
„Поразот на исламистичката идеологија е голем предизвик на нашето време“, рече Меј по седницата посветена на безбедноста пред својот кабинет во Даунинг Стрит 10.
„Предизборната кампања продолжува утре (понеделник), а парламентарните избори се одржуваат во четврток, како што и беше планирано“, заклучи Меј.