Трамп го критикува градоначалникот на Лондон ден по нападот

© REUTERS / Neil Hall

Американсиот претседател Доналд Трамп во неделата го критикуваше лондонскиот градоначалник Садик Кан обвинувајќи го дека не ја сфаќа сериозно терористичката закана, ден по нападот во строгиот центар на британската престолнина.

„Најмалку седум мртви и 48 повредени во терорстичкиот напад, а градоначалникот на Лондон вели дека ‘нема причина за тревога’!“, напиша на Twitter америакнскиот претседател Доналд Трамп, алудирајќи на лондонскиот градоначалнил Садик Кан.

„Не смееме повеќе да бидеме политички коректни и мораме да почнеме да работиме на безбедноста на нашите луѓе. Доколку не бидеме итри, состојбата ќе се влошува“, предупредува Трамп.

Кан претходно во неделата им порача на сограѓаните и на сонародниците да не се грижат поради зголемениот број полицајци на улиците на Лондон по нападот во саботата ноќта кога тројца напаѓачи се залетаа со комбе во пешаците на Лондонскиот мост а потоа ги нападнаа минувачите со ножеви по што беа убиени од полицијата.

Садик Кан минатата 2016 година беше избран за лондонски градоначалник, и така стана првиот муслиман во историјата кој е на чело на некоја западна престолнина.