
Од стан во Битола вчера се украдени се 32.700 долари и златен накит.
Како што информира денеска Министерството за внатрешни работи Б.К. од Битола во СВР Битола пријавила дека вчера во периодот од осум до 17:45 часот непознат сторител извршил тешка кражба во нејзиниот стан.
Сторителот влегол насилно и откако извршил пребарување одзел 32.700 американски долари, златно ланче со привезок и четири златни прстени.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.